Кон главната содржина
Креативноста има свое место во JuMi

Креативноста има свое место во JuMi

Во JuMi секогаш ни е драго кога нашиот простор станува место каде што се спојуваат убави идеи и локални приказни.

Овојпат, во нашата подружница на Lukoil, пред граничниот премин Богородица, своите уникатни рачно персонализирани производи ги изложи Personalized Vacation.

Со задоволство отстапивме мало катче за нивната креативност и ни беше особено мило што нашите гости имаа можност одблиску да ги погледнат нивните прекрасни изработки.

Веруваме дека локалните приказни се уште поубави кога се поддржуваме и растеме заедно. 🌿