Вкусот е во деталите
НЕКОИ ПРОМЕНИ БАРААТ ВРЕМЕ. 💚
Изминатиот период баравме лепче што ќе одговара на нашата идеја за квалитетна и внимателно подготвена храна.
Пробувавме, споредувавме и не брзавме со одлуката, затоа што квалитетот започнува од основата.
А нашата нова основа е Чистера лебот, кој го пронајдовме благодарение на соработката со @panpanbakerybistro
Ви благодариме, Pan Pan, што ја препознавте нашата визија и ни помогнавте да го направиме вистинскиот избор. 🤝💚
🍞 Чистера – Foricher
Леб подготвен со природен пченичен стартер и мешавина од шест видови семиња: печен сончоглед, жолто и кафеаво ленено семе, просо, афион и сусам.
🥑 Од утре, нашите брускети се враќаат, а ние продолжуваме да го подобруваме она што го создаваме. ♥️
