Кон главната содржина
JuMi на Арт Ум Гевгелија

JuMi на Арт Ум Гевгелија

На 14 јуни 2026 година, JuMi беше дел од ARTUM Gevgelija – настан посветен на уметноста, креативноста и убавата енергија што ги спојува луѓето на една убава локација Динќут.

За нас, ваквите настани се многу повеќе од уште едно место каде можеме да го претставиме JuMi. Тие се можност да бидеме дел од животот на нашиот град, да поддржиме идеи што носат свежина и култура и да споделиме убави моменти со луѓето околу нас.

Во атмосфера исполнета со уметност, дружење и инспирација, JuMi ја донесе својата препознатлива енергија и вкусови, како мал дел од едно поголемо и прекрасно градско доживување.

Ни беше особено драго што бевме дел од Арт Ум и што уште еднаш имавме можност да бидеме таму каде што се среќаваат луѓето, креативноста и љубовта кон Гевгелија.

JuMi – повеќе од вкус. Дел од приказните на нашиот град.