Кон главната содржина
Од идеја до JuMi чаша

Од идеја до JuMi чаша

Во октомври 2025 година, решивме дизајнот на нашата нова JuMi Bubble чаша да ѝ го довериме на креативноста на нашата заедница. Го објавивме предизвикот „Дизајнирај ја новата JuMi Bubble чаша“, а меѓу пристигнатите идеи, еден дизајн посебно нè освои.

Автор на победничкиот дизајн е Ице Наков од Гевгелија, кој својата инспирација ја пронајде во убавините и препознатливите симболи на нашиот град. На чашата свое место добија планината Кожуф, старата железничка и мотиви од Гевгелија – детали што ја раскажуваат приказната за местото од кое потекнува JuMi.

Но, оваа приказна има и уште еден посебен, хуман момент. ❤️ Ице одлучи паричната награда од 100 евра да ја донира, претворајќи ја својата победа во гест на дарежливост и солидарност.

Како победник, покрај паричната награда, Ице доби и доживотно бесплатно кафе во сите JuMi локали, а неговата креативна идеја од цртеж стана вистинска JuMi чаша.

Така, новата чаша стана многу повеќе од амбалажа за кафе. Таа стана мала приказна за Гевгелија, за креативноста, за заедништвото и за добрината што се пренесува од човек на човек.

Од Гевгелија, со љубов. Од идеја – до чаша во илјадници раце. ☕🍀

Благодарност до Ице Наков што ни помогна да создадеме нешто посебно и што покажа дека најубавите идеи се оние што носат и добра приказна зад себе.