7 Ноември 2024 – Заедно чекориме напред
Со Божја помош и прекрасно сончево време, овој викенд беше совршен за сите љубители на спортот.
Незаборавен ноемвриски викенд во Гевгелија!
Празник за очи ни приредија дечките од @ak7minoemvrigevgelija. Честитки до нив, до сите учесници и победници. Ги имаше многу, а најголемиот победник е градот убав Гевгелија. Гевгеличани треба да сме горди на нив, рушат рекорди и даваат бесплатни часови за извонредно организирање на ваков настан.
Секоја чест дечки! 🏆 Горди сме и ние што и оваа година бевме дел од спортскиот настан @november_run_gevgelija и благодарност до нив што ни овозможуваат секоја година да Ви се претставиме во подобро светло.
Благодарност до сите што дојдовте, дегустиравте и поддржавте! Нашиот штанд оваа година привлече многу љубители на здрава храна, а промоцијата на новите путери од јаткасти плодови предизвика огромен интерес.
Првите пратки на 100% природни путери се веќе испорачани.
Благодарност до сите што споделија позитивна енергија и до природата што се погрижи да го направи денот уште поубав!
Вашата енергија и позитивни реакции ни значат многу и нè инспирираат за нови проекти.
Останете во добро здравје, се гледаме догодина.
