Кон главната содржина
7 Ноември 2025 – Не се мери со километри

7 Ноември 2025 – Не се мери со километри

Некои моменти не се мерат со километри, туку со насмевки, енергија и луѓето што ги споделуваат со нас.

Два дена исполнети со спорт, емоции и победнички дух! 🏁

Гевгелија повторно докажа дека е град богат со енергија, храброст и безброј млади, неоткриени таленти кои чекорат кон големи спортски височини.

Голема благодарност до @ak7minoemvrigevgelija за извонредната организација на @november_run_gevgelija, од првата стартна линија до последниот аплауз.

Благодарност што веќе 5 години стоиме рамо до рамо со вас, и ни овозможувате да дадеме свој придонес за нашиот град. Вашата посветеност е двигателот што ја носи Гевгелија напред!

Секоја чест до @fondacijaicebegov. Кога спортот и хуманоста одат рака под рака, се случува само најдоброто!

Изминатиот викенд не беше само трка, беше славење на духот на нашиот град, на младоста, солидарноста и упорноста што нè движи напред.

Со вакви луѓе, Гевгелија секогаш ќе трча посилно!

Благодарност до @event_box_mk што оваа година го разубавија нашиот штанд.