Кон главната содржина
JuMi On The Highway – Лукоил

JuMi On The Highway – Лукоил

Приказната за JuMi, долго време ја чувавме само за нас. Но денес, пред отворањето на нашата нова подружница, чувствуваме дека е вистинскиот момент да ја споделиме со Вас.

Многумина нè прашале што значи името JuMi?

За некого Јуми, за некого Џуми.

Ни едното ни другото не е грешка.

Џуми е називот на фирмата, а JuMi се иницијалите од името и презимето на нашиот прерано починат татко.

За жал, тој никогаш не го виде отворањето на првиот локал.

Не ги виде ниту вториот, третиот, четвртиот... ниту сите чекори што следуваа потоа.

Но, секогаш беше и ќе остане дел од секој од нив ❤

Кога го создававме JuMi, сакавме неговото име да остане со нас. Да нè потсетува од каде доаѓаме, што сме научиле и дека без разлика на животните предизвици, секогаш треба да останеме сплотени како браќа.

А предизвици ги имаше доста ... сè уште и ги има.

Поминаа скоро 5 години.

Од мало име премногу значајно за нас и од една голема идеја, создадовме тим.

Од еден сон, го создадовме JuMi.

И затоа, оваа нова подружница ја посветуваме нему ❤

На човекот чии иницијали стојат зад секое наше лого што ќе го видите.

На човекот кој не е со нас, но чие име живее секој ден во сите нас.

JuMi On The Highway - во склоп на бензинската станица ЛУКОИЛ пред граничниот премин Богородица е за тебе татко.

Југовски Митко

Со љубов, благодарност и почит до сите Вас.