Кон главната содржина
3 години заедно

3 години заедно

Дечки... точно пред 3 години на денешна дата ги отворивме вратите на JuMi 🍀

Посакавме топло добредојде со насмевка, љубов и бесплатно кафе за секого.

Со гордост гледаме на изминативе 3 години, каде со напорна работа, посветеност и Ваша поддршка, успеавме да се прошириме на три локации и да создадеме тим од 16 вработени кои секојдневно се грижат Вашето задоволство да биде сè поголемо.

Традиционално и овој роденден си го прославуваме скромно, како секоја година.

10% од вкупниот дневен промет во тековната работна недела ќе биде донирана во хуманитарни цели.

Бидејќи во моментов нема локални активни апели за лекување 🙏, средствата ќе бидат пренасочени на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ, помош за справување со последиците од пожарите.

Ви благодариме што сте дел од нашето патување. Со нетрпение очекуваме да продолжиме да растеме и да се развиваме заедно 🙌

Ве сака... Тимот на JuMi 🍀