JuMi Bistro – Ново поглавје
Само два месеци подоцна, нашата приказна доби уште едно ново поглавје.
Во склоп на Дентал центарот Поп Ристови ги отворивме вратите на JuMi Bistro – место создадено за кратка пауза, добро кафе и свежо подготвен оброк.
Секој нов простор за нас е повеќе од нова локација. Тој е можност да бидеме поблиску до луѓето, да создадеме нови познанства и да продолжиме да ја градиме довербата што ја добиваме секој ден.
Кога љубовта кон добрата храна расте, расте и JuMi.
