Кон главната содржина
Спортскиот дух е посилен од сè 💚

Спортскиот дух е посилен од сè 💚

Ниту дождот, ниту ветерот не успеаја да ја намалат енергијата, упорноста и спортскиот дух изминатиот викенд! 🌧️💚

По шести пат, JuMi беше дел од овој прекрасен спортски настан, кој од година во година расте и собира сè повеќе млади таленти, привлекува сè повеќе учесници и прерасна во меѓународен спортски настан, препознатлив и надвор од границите на нашиот град и држава.

А кога ги гледате најмладите како храбро и со насмевка се справуваат со сите временски предизвици, тогаш и за нас немаше изговор да не бидеме таму, и да останеме посветени до крај. 😊

Со многу љубов и задоволство, на нашиот штанд се погриживме да обезбедиме мали вкусни закуски, здрав десерт и свежо цедено сокче како мал знак на поддршка за нивниот голем труд. 🍪💚

Огромна благодарност до неуморниот тим на АК „7 Ноември“ – Гевгелија, кој со својата посветеност создава услови нашиот град да раѓа сè повеќе млади спортски таленти и ја ставаат Гевгелија на меѓународната спортска мапа.

Времето можеби не беше на наша страна, но спортскиот дух беше посилен од сè! 💚 Благодарност И до нашиот JuMi тим, кој и покрај студот, дождот и ветерот, несебично и со насмевка ги издржавме двата дена. Горди сме на вас! ❤️ Ви благодариме на поддршката и се гледаме следната година на November Run!