2 години заедно
JuMi is back again 🙌😍🎁🥳
Дечки, две години заедно... многу, многу Ви благодариме на довербата. 🤗
За првиот роденден си посакавме да имаме уште една успешна година, да го продолжиме тоа што си го ветивме, за да ни остане традиција и во иднина. ❤️
Секој прв работен ден, после годишниот колективен одмор, си е наш роденден. 🎁
И оваа година си го прославуваме скромно и филантропски со колективна хуманост, со што ќе донираме 10% од вкупниот промет од тековнава недела.
Донираните средства ќе бидат наменети за локален апел и лекување на нашата мала сограѓанка Луна. 🫶
Ви благодариме на довербата и поддршката што редовно ја добиваме... 🤗
Да ни е среќен роденденот. 🥂🎁🥳❤️
Ве сака... целиот тим на Џуми 🍀
